Оваа книга е наменета за децата и секој расказ или сказна има цел да понуди истовремено учење низ игра и стекнување животни поуки низ забава, да влијае на севкупниот развој на детето, да го развива чувството за правичност и добрина, да развива самодоверба и морални вредности. Исто така, има задача преку слушање или читање на текстот, детето да ги развива говорните и јазичните компетенции, вештини за учење, имагинација, креативност и однесување во различни ситуации.
Расказите се хронолошки подредени по месеци, така што децата ќе научат за менување на годишните времиња, за промените на времето во природата, во околината што ги опкружува и во шумата.
Уникатните илустрации во кои се креативно смислени и доловени одредени важни елеменети од расказот-сказната, се оригинални и ги одразуваат сликите на природата, животните, инсектите, птиците и замислените ликови во расказите-сказните.
ДЕЦАТА РАСТАТ И СЕ РАЗВИВААТ СО КНИГА!