Едукативен и интегриран прирачник по математика за деца од предучилишна возраст со современа концепција и структура!. Одобрено од Министерство за труд и социјална политика.
Двата лика ТЕКНУВАЛКА и ТЕКНУВАЛКО ги водат децата во математички истражувалки, решавалки и неверојатни патувалки.
Прирачникот е компитабилен со принципите и аспектите на програмата за рано учење и развој со примена на холистичкиот пристап во обработката на содржините. Активностите се длабоко осмислени со различни илустративни и содржински креативни решенија за интегрирање на целите и задачите од повеќе воспитно-образовани подрачја и различните аспекти од развојот на детската личност. Прирачникот е погоден за индивидуални активности на децата, за развој според сопственото темпо и за неговото следење од страна на возрасните. Воедно даваат одлична можност и за воспоставување на интеракции и комуникација на релација дете-дете и дете возрасен.
МАТЕМАТИКАТА Е СЕКАДЕ ОКОЛУ НАС!
Математиката е музика, танц, движење, цртање, боење, говорење, емоција.
Математиката е дружење, играње, мислење и текнување.
Сликовници | |
Автори | Ели Маказлиева Елеонора Костоска - Јованоска Татјана Грегова |
Број на страници | 52 страници |
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар