„САМОВИЛАТА ОД ВИЛЕНИЈА“ е нова книга за деца од младата авторка Марија Ралповска, своевиден мини роман, бајка која на сликовит начин го води читателот на едно мистично патување кое го најавуваат езерските бранови и мистериозниот глас од школката. Дојдете во волшебниот свет на самовилите и вилениците, свет во кој Харли открива дека е многу повеќе од едно обично девојче во мигот кога на нејзиниот грб ќе се развиорат сребреникави крилја.
Дојдете на новото патување во светот на бајките, заедно со Харли - девојчето што сонува за авантури и верува во чуда, а чудата се возможни само кога веруваме во сонот, во магијата, во волшепството...Раширете ги крилјата и вивнете се во авантурите на Виленија! Виленија, митската земја на необични суштества, животни што зборуваат, дрвја што блескаат во боите на виножитото, Но Виленија е во опасност. Злото се доближува и сака да ја обвие со својата темнина...
Пророштвото вели дека Харли е одбраното девојче што може да ја спаси Виленија од канџите на злото. Ќе успее ли?!
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар